Денес со почеток од 18:00 часот во Виена, со ждрепка ќе бидат познати групите за новата сезона во Лигата на Шампионите, во која Вардар ќе го брани трофејот.
Црвено-црните и во новата сезона ќе бидат дел од најсилните групи, а во жрепката влегуваат како носители од првиот шешир. Познато е дека сигурно нема да бидеме во група со екипата на ПСЖ, која исто така е носител, и тоа дека Монпелје ќе биде во нашата група. Во иста група исто така нема да можат да бидат две екипи од иста земја. Така на пример, во група со Вардар можат да бидат само Веспрем или Пик Сегед, или на пример, Кил или само Фленсбург.
Вака изгледаат барабаните, во пресрет на денешното извлекување.