Даинис Кристопанс и во новата сезона ќе биде дел од тимот на Вардар. Летонскиот репрезентативец во целост ќе го испочитува договорот, кој е со важност до јуни 2020 година.
Информацијата ја потврди и поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез кој пак го предводи ПСЖ. Во изјава за медиумите во Шпанија, покрај другото, Раул беше запрашан и за Кристопанс, дали тој е главниот играч на црвено-црните, и еден од најзаслужните за освоениот трофеј во ЛШ.
-Кристопанс би бил важен за секоја екипа која се натпреварува во ЛШ, не само за Вардар. Со неговата висина и тежина не само што е клучен, но и придонесува со своите асистенции до своите тимски колеги.
Гонзалез истакна дека Кристопанс ќе го одработи договорот со Вардар, а од сезоната 2020/21 ќе се приклучи на тимот од Франција.
-Тој има уште една година од договорот со Вардар, а наредната сезона ќе дојде во ПСЖ, истакна Раул.