Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Европскиот првак Милосављев пречекан во родното Долово
(ФОТО) Европскиот првак Милосављев пречекан во родното Долово

(ФОТО) Европскиот првак Милосављев пречекан во родното Долово

Вардаровите играчи покрај што се херои во Скопје и Македонија по освојување на европската круна, речиси сите имаа пречеци во родните места.  Па така и Дејан Милосављев, најдобриот голман на Европа и освојувач на европската титула со Вардар го посети својот роден крај, селото  Долово во близината на Панчево.

65630184_10157334313804806_4068913482060267520_n-1

Милосављев вели дека му било потешко да излезе сега и да зборува пред мештаните од родното место отколку пред 150.000 луѓе во Скопје. Од градоначалникот на Панчево доби признание за постигнатиот успех. Веќе поранешниот голман на црвено-црните, му се заблагодари и на својот поранешен тренер Дејан Периќ кој го вовел во ракометната игра.

65109760_10157334313584806_1680659580968763392_n