Оваа сезона кога се во прашање стрелците, Вардар немаше некој изразен голгетер кој би се издвојувал на табелата според успешноста на голови, сите играчи на Вардар беа тука некаде според реализацијата. Прв сеуште е Дејан Блажевски, но популарниот Шиле поради повреда беше приморан да застане на 9 погодоци, но и понатаму он е најдобар стрелец во нашиот тим, пред Фелипе кој придодаде до овој натпревар осум голови.
Дефанзивците на Вардар пак од друга страна може да се пофалата со завидна реализациска способност. 14. Погодоци оваа сезона дојдоа токму од дефанзивците. Најистакнати помеѓу нив секако дека беа, капитенот Грнчаров Бобан и Хофханес Хамбарџумјан. Овие двајца играчи според головите оваа сезона ”заслужуваат” и малку да поиграат во нападот. Хамбарџумјан оваа сезона го начна противникот дури на седум пати. Омилени ”жртви на Хоф беа: Младост ЦД двапати, Силекс, Брегалница исто така два пати, Турново и вчера Слога – секоја чест за Хоф.
Од дрга страна пак, капитенот на Вардар, Грнчаров оваа сезона се запиша пет пати во неа. Популарниот Грне доминираше во шеснаесетникот на противникот на секој меч и беше голема закана кон нивниот гол. Грне оваа сезона им даде голови на: Силекс на два пати, Брегалница исто така на два пати и вчера против Слога. Секоја чест и за Грнчаров кој минатата сезона даде два гола, а оваа е на бројка од пет на коло пред крај.