Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Комплетирано петтото пролетно коло во фудбалската “Јуниор“ лига, чиј домаќин беше Слога од Виница
Комплетирано петтото пролетно коло во фудбалската “Јуниор“ лига, чиј домаќин беше Слога од Виница

Комплетирано петтото пролетно коло во фудбалската “Јуниор“ лига, чиј домаќин беше Слога од Виница

Вчера во градот Виница се одигра петиот пролетен турнир во фудбалската “Јуниор лига“, на кој домаќин беше екипата на Слога-Вардар од Виница. Настапија четири екипи, кои се натпреваруваа во генерации родени 2004 и 2006 година  и тоа домаќинот Слога, Борец Јуниор (Велес), Мал Ајакс (Штип) и Рудар Јуниор (Пробиштип). Ова се сите резултати и стрелци на головите на сите натпревари од петтото пролетно коло на Јуниор лигата.

Генерација 2004 година:

ФК Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК Борец Јуниор, Велес 0-4
Стрелци: Јорданов 2, Имеров, Митков – Борец Јуниор

ФК Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Слога 1934-Вардар, Виница 0-0

ФК Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК Слога 1934-Вардар, Виница 2-5
Стрелци: Лазаров 2, Мивкароски, Спасов, Миленков – Слога 1934-Вардар

ФК Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Борец Јуниор, Велес 2-6
Стрелци: Јорданов 2, Митков 2, Јованов, Имеров – Борец Јуниор

Генерација 2006 година:

Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Слога 1934-Вардар, Виница 4-3

ФК Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК Борец Јуниор, Велес 2-1
Стрелци: Имеров – Борец Јуниор

Мал Ајакс-Вардар, Штип – ФК Борец Јуниор, Велес 0-1
Стрелци: Велковски – Борец Јуниор

ФК Рудар Јуниор, Пробиштип – ФК Слога 1934-Вардар, Виница 0-1