Утре со почеток од 11 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ќе се одигра големото финале од купот на Македонија, помеѓу пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар и Милано. Ова ќе биде можност да се освои првиот трофеј оваа сезона, но и да се одбрани, откако минатата сезона истава генерација, тогаш како помлади пионери го освоија ова натпреварување.
На патот до големото финале, избраниците на Сашо Тодоровски ги елиминираа екипите на Пандев ( 0:6), потоа во двомечот со Победа со вкупен резултат (7:0) и во полуфиналето екипата на Металург (0:0 ( 0:4). Вардар и Милано вече одиграа еден натпревар и тоа во есенскиот дел од лигата, на кој црвено-црните на домашен терен остварија победа со резултат 2:0. Стрелци на головите беаЕлвир Рамиќ и Марко Стојчески. На првенствената табелка Вардар е моментално второпласиран со натпревар помалку и вкупно 44 освоени бодови, додека екипата на Милано се наоѓа на шесттото место со 31 бод. Капитенот на нашите пионери, Елвир Рамиќ во пресрет на финалниот меч на кратко ни ги сподели своите очекувања.
Утре е финалето во националниот куп, на кое очекувам да победиме. Сепак Милано не е лесен противник и знаат да изненадат и одиграат добро. Ќе тргнеме од првата минута мотивирани, храбро на секоја топка и офанзивно. Шансите за трофејот ни се поголеми за разлика од противникот, кој веќе го имаме еднаш добиено во првенството. Ќе биде тешко, но ние веруваме во себе и одиме на триумф, изјави Елвир Рамиќ за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски