Младинците на фудбалскиот клуб Вардар се на чекор до титулата во првенството, откако во рамките на 20 коло беа подобри од екипата на Металург. Овој дуел убедливо им припадна на црвено-црните, со резултат 5:0. Така на две кола пред крајот имаме големи шанси да го освоиме првото место, на крајот од сезоната.
Високиот триумф против овој тим беше уште посладок, бидејќи беше одмазден оној пораз од есенскиот дел, кога на теренот на Железарница бевме поразени со резултат 5:1, иако речиси цел меч го игравме со играч помалку. Затоа и мотивираноста на нашите играчи на саботниот натпревар беше на највисоко ниво. Желбата за триумф беше поголема од противникот, кој речиси и да не направи ништо посериозно кон нашиот гол. Со два гола на Ердон Даци и Петар Петковски и еден на Кристијан Апостоловски, го испративе дома ривалот од Железарница. Како се вели “ се се враќа и скапо се плаќа“.