Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар генер. “2008” ја испрати Албарса дома со 19 погодоци
Вардар генер. “2008” ја испрати Албарса дома со 19 погодоци

Вардар генер. “2008” ја испрати Албарса дома со 19 погодоци

Денеска на фудбалските терени на ФК Работнички се одигра ново коло во рамките на Детската фудбалска лига. Најмладата генерација на Вардар, геренацијата 2008 продолжува да реди само победи во ова натпреварување. Албарса (2) си замина дома со дури 19 гола во својата мрежа. Дождот денеска донесе среќа и многу голови во мрежата на Албарса. Нашите момчиња уште на стартот најавија дека денеска ќе биде нивни ден. По првото полувреме водеа дури со 10:0, во вториот дел придодадоа уште девет за вкупни 19:0. Ова беше најубедлива победа за оваа генерација оваа сезона.

Стрелци во нашиот тим беа:
Арти (5)
Ненад Дамјановски (4)
Илија Митаноски (3)
Јохан Зизајковски (2)
Стефан Бранковски (2)
Стефан Марковски (1)
Лука Грчески (1)
Автогол (1)