Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Есенска титула за ФК Вардар-младинци, Ренова доби “петарда“ црвено-црните
Есенска титула за ФК Вардар-младинци, Ренова доби “петарда“ црвено-црните

Есенска титула за ФК Вардар-младинци, Ренова доби “петарда“ црвено-црните

Младинците на ФК Вардар се есенски шампион на Македонија. Тие денес во меч во младинската лига беа домаќини на Ренова. Однесовме победа со резултат 5-0 (1-0). Љупчо Марковски-Калц овој меч го стартуваше со овие играчи: Трајчевски. Тодоровки, Ричков, Исмаил, Личина (капитен), Димков, Додевски, Беќири, Димитровски, Даци, Стојчевски.

5

Права шанса имавме преку Димков Виктор кој од слободен удар шутна над гредата. Веднаш понего Филип Стојчевски одкосо се обидува да го изненади голманот на Ренова, Изаири овој исфрла во корнер. Се редат многу шанси пред голот на гостите, Димков Виктор го пробува шутот од 25 метра во 14 минута погодува пречка. По одличен центаршут на Стојчевски погодуваме за 1-0, топката дојде до Димков Виктор кој од 10 метри го совлада Изаири Астрит. Вардарци се во целонса офанзива, “гипсарите“ се бранат во текот на првиот дел. Постојано врене теренот е мокар и калив и ја попречува течната игра. Даци по земја нафрла до Димитровски теодор кој до 10 метра шутира крај дирекот. Капитенот Личина уфрла во длабочина прекрасно, Димков Виктор со глава шутира над голот. Беќири Јасир пропушта една од наредните прилики, тој упатува јак удар кој завршува во стативата на Ренова. Докрајот се обидовме со два удари од 25 метра, еднаш шутна Беќири еднаш Личина и во двата наврати голманот на Ренова со крајни напори одбрани. Вардарци заминуваат на одмор со минимално водство, но сепак со целосна иницијатива и многу создадени прилики.

53

Во вториот дел веднаш добивме награда за нашиот труд од првиот дел. Ричков Андреј по изведен корнер од десната страна од 10 метри погодува за 2-0. Ние и по голот имаме целосна офанзива, не се менува ништо посебно црвено-црните младинци напаѓаат, тетовчани се брани постојано. Есенската титула се насетува веќе , до крајот остануваа пола од вториот дел сепак ние доминираме во сите фудбалски аспекти на играта на теренот во Јане Сандански. Теренот целосно се потопи од водата која непрестојно паѓаше, топката тешко се движи во напад нашите момци се трудат максимално и покрај енормно тешките услови за натпреварување и надигрување. Ердон Даци погодува за 3-0 и комитна предност на црвено-црните на овој меч. Димков се обидува од 25 метра голманот исфрла во корна. Даци изведува одлично од корнер во последен момент топката  доаѓа до Есмин Личина кој погодува за 4-0. Поради повреда голманот Трајчевски ја напушта играта, на негово место дебитира за младниците Мето Велковски голманот-херој на пионерите од куп мечот.  Јасир Беќири се реди на листата на стрелци тој со умешен лоб, погодува за “петарда“ односно 5-0. Целосно доминираме до крјаот на овој дуел однесувајќи лесна победа.

52