Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски со пет гола го “засени“ Шкупи, две победи за Вардарци од генер. “2004“ во последното есенско коло со што станаа и есенски шампиони
Георг Стојановски со пет гола го “засени“ Шкупи, две победи за Вардарци од генер. “2004“ во последното есенско коло со што станаа и есенски шампиони

Георг Стојановски со пет гола го “засени“ Шкупи, две победи за Вардарци од генер. “2004“ во последното есенско коло со што станаа и есенски шампиони

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра последното есенско коло во детската лига за генерација родени “2004“ година. Двете екипи на оваа генерација на најдобар можен начин го завршија есенскиот дел од сезоната со две победи.

Вардар (2) се сретна со тимот на Шкупи и го порази убедливо со резултат 5:2. Сите пет голови во противничката мрежа ги постигна Георг Стојановски. Првиот удар кон противничкиот гол го имаше Никола Анчевски, кој завршува покрај голот. Првиот удар кон нашиот гол го имаше и екипата од Чаир, но нашиот голман Стефан Тасев го брани неговиот удар. Голеадата на Стојановски започна и тоа со глава за водство од 1:0. Од левата страна одлично нафрли Анчевски кој го пронајде Стојановски, овој умешно ја сместува топката во мрежата. Марко Софијаноски и Огнен Здравковски имаа удари, кои завршија во рацетге на голманот. Нов гол на Стојановски за водство од 2:0. Црвено-црните играа одлично во овој дел од мечот. До крајот на првиот дел, Вардар направи три корни, по што судијата покажа на белата точка. Шкупи успешно реализира, иако Тасев за момент ја имаше топката во своите раце. На одмор се заминува со резултат 2:1.

vardarfans-pobeda-so-skupi

Шкупи на стартот на вториот дел имаше одлична можност да го израмни резултатот, откако еден од нивните играчи речиси повлече сам од својата половина се ослободи од неколку наши играчи, излегува очи во очи со нашиот голман Тасев кој успешно брани и не дозволува израмнување на резултатот. Во првите десет минути од вториот дел, Шкупи делуваше подобро на теренот, се обидуваа со пресечени топки да направат брзи контра напади и да се заканат кон нашиот гол. Советите на тренерот Андовски дадоа резултат, Вардар налутен почна да ја игра својата препознатлива игра и да ја полни мрежата на Шкупи. На сцена повторно стапува Георг Стојановски кој погодува за 3:1. Во истата акција најпрво се обиде Стоимов, голманот одбрани, на одбиената топка, наиде Стојановски кој ја сместува во мрежата. Публиката не остана рамнодушна на потезите на брзиот Огнен Здравковски кој како брз “воз“ поминуваше низ противничките играчи. Во една таква акација, Огнен несебично додава до Стојановски, овој со својот четврти гол зголемува на 4:1. Шанса имаше и Горазд Попов, но ништо посериозно. Шкупи во продолжение успева да постигне гол и да го намали резултатот на 4:2 Сепак до крајот на мечот за “петарда“ во мрежата на Шкупи се погрижи кој друг ако не Стојановски кој со удар од белата точка погодува за 5:2. Овој резултат беше конечен на крајот.

vardafans-radost

Вардар (1) го доби дербито со екипата на Милано, совладувајќи ја со резултат 2:0. Црвено-црните беа подобар противник и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Во почетните минути имавме поголем посед на топка, но без некоја посериозна прилика за постигнување на гол. Сепак првата посериозна прилика ја има Милано, но денес ние го имавме одличниот Васко Василев кој одлично го скротува ударот и не дозволува негатива. Тоа Вардар го искористува и со голот на Исмет Хајдари го отвара резултатот на 1:0. Милано се покажа како тврд “орев“, имаше уште една убава шанса, но Василев повторно излегува како победник во завршниот удар. Теодор Перковски беше следниот играч од нашите редови кој се најде во шанса, но овој пат противничкиот голман го брани ударот. До крајот на првиот дел за одбележување е ударот на Софијаноски, но на одмор се заминува со минимално водство од 1:0.

vardarfans-pobeda-so-milano

Црвено-црните во вториот дел имааа неколку добри прилики да го зголемат водството. Најзрелата ја имаше Сандро Каровски, кој не успева да го совлада голманот на Милано. Василев спречува зицер удар на противникот и не дозволува израмнување. За да нема неизвесност во финишот се погрижи Максим Милошевски кој погодува за водство на Вардар од 2:0. Овој резултат беше и конечен на крајот.

vardarfans-kraj-so-milano

Генерацијата на Вардар, родени “2004“ година го заврши есенскиот дел од сезоната убедливо на првото место. Двете екипи на тренерот Ане Андовски имаат максимален број на освоени бодови во есенскиот дел од детската лига.