Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Нема “пречка“ за Вардар од генер. “2005“, избраниците на Кралевски со карактер на вистински победници продолжуваат да ги надигруваат своите противници
Нема “пречка“ за Вардар од генер. “2005“, избраниците на Кралевски со карактер на вистински победници продолжуваат да ги надигруваат своите противници

Нема “пречка“ за Вардар од генер. “2005“, избраниците на Кралевски со карактер на вистински победници продолжуваат да ги надигруваат своите противници

Две нови победи за генерацијата родени “2005“ на фудбалскиот клуб Вардар. Денес на терените на ФФМ, избраниците на Игор Кралевски го одиграа претпоследното есенско коло во детската лига и забележаа две нови победи.

Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Албион, која ја доби убедливо со резултат 5:0. Квалитетот несомнено дека беше на страната на црвено-црните кои уште од самиот старт најавија дека противникот неможе да бара бодови на овој дуел. Давор Лефковски прв се најде во прилика, но голманот на Албион беше поуспешен. Шансите се редеа пред противничкиот гол, обиди имаа Филип Јовановски, повторно Величковски, како и Ѓорѓи Дошев, но резултатот сеуште остана оној почетниот. Имаше удар и Албион кон нашиот гол, но Василиј го скротува ударот. Сепак неможеше вечно да се брани Албион, па Никола Величковски ја отвара серијата на погодоци за предност од 1:0. На истиов играч му се препишува половина гол, откако сам повлече од својата половина по левата страна ја додаде топката на Дошев, овој без поголеми проблеми ја смести во голот за водство од 2:0 До крајот на првиот дел успеваме да зголемиме на 3:0. Стрелец на голот од белата точка беше Давор Серафимов кој бие силно за убедливо водство. Албион упати безопасен удар кон нашиот гол.

vardarfans-pobeda-so-albion

Ништо поразлично не се случуваше во вториот дел, Вардар беше тимот кој го контролираше резултатот и создаваше шанси. Со првиот гол на Филип Јовановски од од пенал, зголемуваме на 4:0, по што беа познати работите околу конечниот победник. Противникот се обидуваше нешто посериозно да стори, освен неконтролирани удари од половина терен, речиси и да не направија посериозна прилика кон нашиот гол. а водство од 5:0 и точка на натпреварот се погрижи Величковски, откако од корнер нафрли Здравковски. овој резултат беше конечен на крајот.

vardardans-tekst-so-albion

Доминација и на Вардар (2) во дуелот против Скупи, за продолжување на победничката серија која трае од почетокот на сезоната. И тука нашиот состав ја контролираше играта и беше подобрата екипа. Го отворивме резултатот за водство од 1:0 со голот на Симеон Здравковски. Во продолжение од мечот, противникот успева да ја затресе нашата мрежа и да израмни на 1:1. Имаше Скупи уште два удари кон нашиот гол, но резултатот остана сеуште израмнет. Почнаа нашите надежи да играат посериозно и веднаш стигнува погодок за предност од 2:1. Горјан Цветков беше стрелец на голот со уар од белата точка. Лука Јакимовски исто така се најде во прилика, но без реализација. Следи опасен удар на Скупи кон нашиот гол, кој завршува во корнер. Уште еден гол во противничката мрежа до крајот на првиот дел. Стефан Наумовски носи покомотно водство за црвено-црните од 3:1.

15036355_1152061981507313_2049469327303951790_n

Во првите 10 минути од вториот дел без некоја поголема шанса за постигнување на гол. Имавме убава прилика, откако Здравковски повлече една топка, додаде до Цветков кој бие силно над голот. Марко Брелиев во второто полувреме на голот го замени Леонид Илиевски. Двајцата голмани немаа многу работа на овој меч. Сепак Скупи од пенал, откако Вардар направи три корни го намалува резултатот на 3:2. Сепак да не оставаме ништо на случајноста се погрижи Горјан Цветков, кој со ретко виден гол од слободен удар носи водство на Вардар од 4:2. Ова момче бие силно под пречката на Скупи за радост на црвено-црните. Наумовски имаше шанса, без промена на резултатот. Конечниот гласеше 4:2.

gener-2005

Оваа генерација на Вардар во пресрет на одигрување на последното коло има максимален број на освоени бодови и го задржува лидерското место со двете свое екипи. Избраниците на Кралевски покажуваат карактер на секој меч и не дозволуваат да загубат некој бод.