Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две убедливи победи за ФК Вардар генер. “2002“ и “2003“ во регионалната лига
Две убедливи победи за ФК Вардар генер. “2002“ и “2003“ во регионалната лига

Две убедливи победи за ФК Вардар генер. “2002“ и “2003“ во регионалната лига

Денес на теренот во Лисиче, натпревари од осмото коло на регионалната скопска лига, одиграа генерациите на ФК Вардар родени “2002“ и “2003“ година. Тие за противник го имаа тимот на Ново Лисиче, забележувајќи две убедливи победи. Мора да се напоменат лошите услови на теренот, под кои се играа овие мечеви.

Избраниците на Томче Трајановски остануваат со максимален број на освоени бодови и по одигрување на ова коло. Денешниот натпревар го добија убедливо со резултат 0:7. Уште по првото полувреме беа јасни сите работи, кога имавме водство од 0:4. По два гола постигнаа Петар Давидовски и Мирков Антонио. Еднаш во листата на стрелци се запишаа Дамјан Марковски, Петре Тасевски и Иван Пашариковски со прекрасен гол од слободен удар.

Веднаш по нив на теренот излегоа екипите на Вардар и Ново Лисиче од генерацијата родени “2002“ година. Убедливо издание на црвено-црните кои стигнаа до седмата победа во лигата. Конечниот резултат гласеше 0:6. Само едно полувреме, домашниот тим одржуваше резултатска неизвесност. Веќе во второто полувреме на повиршина исплива квалитетот на Вардарци, кои со пет гола во мрежата на противникот го завршија мечот. Анатолиј Петејчук и Азер Омерагиќ постигнаа по два гола, по еден беа дело на Леонид Игнатов и Атом Фазлиу.