Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за генер. 2007 овој викенд
Две победи за генер. 2007 овој викенд

Две победи за генер. 2007 овој викенд

Попладнево на фудбалските терени на Работнички беше одиграно ново коло од Детската фудбалска лига. ФК Вардар генер. 2007 овој викенд силите ги одмери со Смилковци, односно Албион. Најпрвин на теренот истрча Вардар (2) против тимот на Смилковци.

По само неколку минути игра Златко Радески погоди со прецизен удар по земја за 1:0. Потоа следуваше уште еден опасен удар на Радевски но без промени во резултатот. Во првиот дел и тимот на Смилковци имаше две закани кон голот на нашиот голман но по првиот дел остана 1:0 за Вардар. Во вториот дел Вардар додоа во втора “брзина”. Првата закана ја имаше Војо Стојановски но не беше прецизен неговиот удар. Потоа следуваше гол за Смилковци и изендачување на 1:1. Потоа Вардарци започнаа да напаѓаат уште по активно кон голот на противникот. По еден шут по земја на Алексеј Ивановски лизгавиот терен си го направи своето, голманот на Смилковци ја испушти топката од раце што значеше гол за нашиот тим, истиот го постигна Алексеј Ивановски. Третиот гол беше по слична ситуација, овој пат стрелец на голот за Вардар беше Петар Котевски за 3:1. Пред крајот на мечот Радески не искористи пенал. На крај Вардар победи со резултат 3:1.

Вардар (1) се сретна со Албион. Нашиот тим го отвори резултатот уште во првите минути. Прв кој постигна гол на оваа средба беше Томовски Борјан. Двојното водство го постави Александар Грашески кој со одличен удар по земја погоди за прв гол денеска. Потоа се закани и Младеновски но без посериозни шанси за нов гол. На полувреме се замина со резултат 2:0. Во вториот дел прв кој погоди беше Грашески за веќе сигурни 3:0. Четвртиот гол беше дело на Младеновски Стефан кој погоди по еден корнер од Томовски. Петтиот гол на овој дуел беше дело на Грашески кој го постигна  третиот гол денеска. Вардар не застана тука следуваа уште голови. Шестиот гол беше дело на Марко Киш кој погоди со удар од далечина. Потоа Албион погоди од слободен удар за 6:1. Седмиот гол, и четврти денеска беше дело на Грашески, кој стави точка на оваа средба.