Денес во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од третото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Во женска конкуренција кај генерација родени “2002/03“ година се одиграа два натпревари.
Екипата на РК Шампион беше подобра во дуелот со РК Кастратовиќ, забележувајќи триумф од 11:6. Заслужена победа за РК Шампион ако се знае дека во текот на целиот меч имаа предност. Одлично го започнаа мечот со три последователни голови за почетно водство од 3:0. РК Кастратовиќ започна да игра подобро и до крајот на првото полувреме намалија на 5:3. Вториот дел започна со гол на РК Шампион, врати во следниот напад Кастратовиќ. Од тој момент следи серија на РК Шампион од 3:0 за највисоки 9:4. Ова беше клучен период за конечниот победник, немаше време за РК Кастратовиќ да се врати на мечот. Конечниот резултат гласеше 11:6.
Во вториот натпревар од истава генерација се сретнаа екипите на РК Ново Лисиче-Вардар и Опш. Кисела Вода-Вардар. Овој дуел му припадна на Кисела Вода-Вардар со резултат 8:10. Многу подобро започна Опш. Кисела Вода која поведе со резултат 0:3. Во продолжение од мечот РК Ново Лисиче намали на 3:4, до крајот на првиот дел следеа два погодоци на Кисела Вода, за предност од 3:6 по првото полувреме. Оваа разлика се одржуваше во текот на целиот втор дел, во еден момент имаа водство и од 6:9. Победата е уште послатка бидејки Кисела Вода цели седум минути играше со два играчи помалку, но сепак издржаа до крајот да триумфираат. Конечниот резултат гласеше 8:10.