Кјелце од Скопје повторно си замина со наведната глава. Нашите “црвено – црни” лавови го надиграа шампионот на Европа и славеа заслужена победа со резултат 40 (18-18). Карачиќ постигна девет погодоци, а Дибиров и Душебаев по осум.
Натпреварот со гол го отвори нашио тим. Дибиров погоди од 7 метри за 1:0. Дибиров погоди уште еднаш во 3 минута за веќе 2:0 за Вардар. Во 4 минута од мечот Кјелце го постигна првиот гол преку Бјелецки од пенал. Серијата на погодоци ја продолжи Марсениќ со гол од пивот за 3:1 во 5 минута. Во следниот напад гостите постигнаа погодок преку Агинагалде, а потоа и преку Штрлек за 3:3 во 6 минута од мечот. Прв пат гостинот дојде до предност во 7 минута преки Агинагалде. Следуваше уште еден гол на Кјелце за плус два. Во 8 минута Диборов погоди уште еднаш од пенал за 5:6 во 9 минута.Следуваше гол на Шишкарев од преку половина терен за 6:6. Серијата на погодоци ја продолжи Дибиров за 7:6 во 11 минута. Серијата на погодоци ја продолжи Карачиќ за 8:6 за Вардарци. На спротивната страна Штербик одбрани зицер позиција на Штрлек. Македа беше следен кој го совлада Шмал за веќе 9:6 за Вардар највисоки на овој натпревар во 14 минута. Серијата на Вардар ја прекина Рајхман за 9:7.Во 21 минута со голот на Циндриќ Вардар намали на 12:13. Прв гол денеска постигна и Борозан во 23 минута за повторно плус еден за гостите. Во 24 минута Душебаев побара минута одмор. Чупиќ со вториот гол денеска му донесе на Вардар реми во 24 минута од мечот. Следуваше уште еден гол на Вардар преку Циндриќ за 15:15 во 25 минута. Штербил влезе во елемент пред крајот на првиот дел со неколку одбрани. Во 28 минута од мечот Кјелце имаше еден гол предност. Следен кој постигна гол беше Душебаев за повторно егал, овој пат 17:17. Дибиров погоди од гол на гол во 29 минута за 18:17. На полувреме се замина со 18:18.
Во вториот дел Вардарци први погодија преку Карачиќ, но во следниот напад повторно Агинагалде погоди за егал. Следуваше уште еден погодок на Карачиќ за ново водство на Вардар во 32 минута. Штербик за прв пат одбрани пенал на Бјелецки во 33 минута. Во 35 минута Душебаев погоди за 22:21. Во 36 минута повторно смена на голманската позиција во Кјелце. Во игра влезе повторно Шмал. Следуваа два брзи погодоци на двете страни преку Бобмач и Карачиќ за повторно плус еден за Вардар. Следуваа два чудни пенали за противникот и два нови гола за 24:24. Шестиот гол денеска Дибиров го постигна од пенал во 40 минута од мечот за повторно плус еден за нас. Во 41 минута Марсениќ погоди од контра за веќе два плус за Вардар. Следуваше одбрана на Штербик и делириум во салата. Во 42 минута Дибиров за прв пат денеска промаши пенал. Вардар дојде и до плус три во 43 минута. Следуваше нова чудна одлука на судиите кој досудија пенал за гостинот кој погоди за минус два во 43 минута. Душебаев влезе во серија со уште еден погодок за нови плус три. Борозан беше следниот кој погоди за нови плус три на 15 минути до крајот. Во 47 минута Вардар дојде и до највисоки плус пет со голот на Дибиров од контра напад. За плус шест погоди Карачиќ од пенал во 50 минута. Во 54 минута веќе се знаеше победникот. Резултатот гласеше 36-28 за Вардар. Во 57 минута Вардар имаше предност од девет голови разлика. Крај на натпреварот голема победа за Вардар! Со оваа победа Вардар дојде до првото место на табелата во групата Б.