Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Карачиќ- Се е полесно кога ќе се “врати“ Штербик
Гонзалес и Карачиќ- Се е полесно кога ќе се “врати“ Штербик

Гонзалес и Карачиќ- Се е полесно кога ќе се “врати“ Штербик

Вардар го бутна на коленици европскиот шампион Келце, радоста беше голема по овој триумф. Тренерот на црвено-црните шпанецот Раул Гонзалес за медиумите по мечот на прес конференцијата изјави:

Најпрвин да им честитам на противниците за овој меч. Ова многу важен натпревар, бидејќи знаеме лани Киелце со Душебаев до каде стигнаа. Мечот го одигравме доста мотивирано. Првото полувреме не се чуствувавме добро, Бомбач и Агинагалде ни правеја доста проблеми, но во вториот дел се сменија работие и одигравме многу подобро. Го имавме вечерва Штербик кој одбрани 3-4 зицери, потоа ние искористивме неколку контри за лесни голови и направивме разлика. Ние бевме супер, дадовме максимум и направивме добра работа на крај

Еден од најдобрите поединци вечерва Игор Карачиќ го изјави следново:

Навистина што да се каже после еден ваков меч. Дуелот  го одигравме на начин на кој што сите посакувавме. Видовте и самите имаше многу голови, но на крај мислам дека пресуди Штербик со неговите неколку одбрани и лесно реализирани напади. Потоа навистина беше лесно за нас да се игра. Знаевме дека ова ќе биде меч на „нож“ за што не спремаше изминатата седмица нашиот тренер. Како што кажа Гонзалез, дадовме сè од себе, одигравме мотивирано, па се надевам ќе продолжиме така и на следните дуели.