Фудбалскиот клуб Вардар утрово требаше да одлета за Анталија, каде ќе се одвиваат главниот дел од подготовките. Сепак, утринскиот лет на црвено-црните е одложен поради лоши временски услови во Истанбул, па најверојатно со вечерниот лет вардарци ќе заминат за Анталија.
На овие подготовки со екипата заминуваат и неколку млади играчи. Тоа се Марио Ричков, Нијаз Јусуфи, и секако Лука Стојковски и Филип Ѓоргиевски кои во есенскиот дел настапуваа за сениорскиот тим.
Засега се закажани три контролни натпревари во Атанлија, два со руски клубови и еден меч со украински тим.