Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анте Гаџа е „херојот“ на Хрватска, неговиот гол донесе триумф против Исланд
Анте Гаџа е „херојот“ на Хрватска, неговиот гол донесе триумф против Исланд

Анте Гаџа е „херојот“ на Хрватска, неговиот гол донесе триумф против Исланд

Хрватската ракометна репрезентација успеа да направи мало „изненадување“ на ЕП и да го победи Исланд, кој со евентуална победа денес ќе беше блиску до пласман во полуфиналето. Вака со поразот, шансите на Исланд се многу мали за таков подвиг.г

Хрватска прва успеа да го отвори резултатот, но во следниот период противникот направи серија и поведе со 4:2. Исланд на голот го имаше расположениот Халгримсон, благодарение на неговите одбрани Исланд успеа да се одлепи и на пет гола разлика (10:5). Сепак, Хрватска не дозволи натпреварот да биде решен предвреме, постепено ја намалуваа негативата па на одмор се замина со достижна разлика од само два гола (12:10).

Во второто полувреме гледавме спротивна слика на теренот, односно Хрватска беше таа која ја превзема предноста. Последното водство на Исланд беше при резултат 13:12, кога избраниците на Хрвоје Хорват успеаа да направат серија од 1:7 и да поведат со високи 14:19. Се мислеше дека Хрватска во тој момент целосно ќе го скрши противникот, но Исланд демантира, се враќаше полека за да намали на само еден гол (20:21). Потоа се влезе во егал завршница, а во финишот подобро се снајде Хрватска која со голот на Анте Гаџа успеа да слави со резултат 22:23.

Тоа беше еден и единствен гол на Анте Гаџа, кој донесе победа за неговата репрезентација.