Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар против Нексе ја отвара новата сезона во СЕХА
Вардар против Нексе ја отвара новата сезона во СЕХА

Вардар против Нексе ја отвара новата сезона во СЕХА

Откако беа објавени групите за натпреварувачката сезона 2021/22 во СЕХА-лигата, сега е познат и распоредот и термините на одигрување натпревари.

Новата сезона во СЕХА, за Вардар ќе започне на 6.февруари со домашен натпревар против екипата на Нексе.

ГРУПА Б
06.02.2022 – Вардар – Нексе Нашице
08.02.2022 – Војводина – Вардар
02.04.2022 – Мотор – Вардар
18.02.2022 – Нексе Нашице – Вардар
22.03.2022 – Вардар – Војводина
17.05.2022 – Вардар – Мотор

Екипите кои ќе се пласираат на првите две места во групата ќе играат во 1/4 финалето, додека оние кои ќе завршат на 3 и 4 место ќе играат 1/8 финале, односно систем на натпреварување како и од минатата сезона.