Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дербито Пелистер-Вардар нема да се игра во четврток, истото е одложено
Дербито Пелистер-Вардар нема да се игра во четврток, истото е одложено

Дербито Пелистер-Вардар нема да се игра во четврток, истото е одложено

Фудбалското македонското дерби во првата лига помеѓу битолски Пелистер и нашиот ФК Вардар нема да се одигра во четврток како што претходно беше одредено. На барање на раководството на црвено-црните истото ќе биде одложено за некој термин во идниот месец, април. Овој натпревар требаше да го играме в гости на стадионот под „Тумбе кафе“.

Причината е практична заради која се одложува овој натпревар,  бидејќи Вардар  имаат десетина репрезентативци кои настапуваат во сите наши селекции, па нема да бидат ниту  48 часа во строј пред натпреварот со зелено-белиот  тим.