Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати термините за одложените натпревари од 17 првенствено коло кај младинските категории и во регионалната- скопска лига
Познати термините за одложените натпревари од 17 првенствено коло кај младинските категории и во регионалната- скопска лига

Познати термините за одложените натпревари од 17 првенствено коло кај младинските категории и во регионалната- скопска лига

Познати се термините за одложените натпревари во рамките на 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории, како и во редовното коло од регионалната – скопска лига, кое исто така беше одложено изминатиов викенд поради лошите временски услови.

Своите мечеви од 17 коло, пионерските екипи ќе ги одиграат во текот на утрешниот ден, кога на теренот на Академијата ќе ја пречекаат екипата на Милано од Куманово. Дулеот на помладите пионери ќе стартува од 10:00 часот, додека два часа подоцна односно од 12:00 часот, својот натпревар ќе го одиграат и пионерските екипи на Вардар и Милано. Црвено-црните се големи фаворити за освојување на трите бода и во двете возрасни генерации и се очекува да излезат како победник во овие дуели, кои на програмата се во текот на утрешниот ден.

За разлика од нив одложеното коло, кадетите и младинците ќе го одиграат во четврток на теренот во Куманово. Натпреварот на кадетските екипи на Вардар и Милано стартува од 14:00 часот, додека на младинските од 16:00. Претходно во термините од 11:00 и 13:00 часот на истиот терен, своите натпревари во регионалната-скопска лига, против истиов противник ќе ги одиграат и генерациите на ФК Вардар родени “2004“ и “2003“ година.