Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Брајан Петкоски: Конечниот победник го пресуди нашата присебност во клучните моменти од натпреварот, посебно во последните десет минути и советите кои ги добивавме од тренерот
Брајан Петкоски: Конечниот победник го пресуди нашата присебност во клучните моменти од натпреварот, посебно во последните десет минути и советите кои ги добивавме од тренерот

Брајан Петкоски: Конечниот победник го пресуди нашата присебност во клучните моменти од натпреварот, посебно во последните десет минути и советите кои ги добивавме од тренерот

Младинците на РК Вардар го добија дербито со екипата на Металург, во рамките на групата 1 од младинската лига. Натпреварот се одигра изминатиов викенд во спортската сала во населбата Автокоманда и заврши со тримф на црвено-црните, со резултат 26:32. Заслужена победа за вардарци ако се знае дека во најголем дел од натпреварот беа во водство. Домашната екипа одржуваше резултатска неизвесност, но нашите младинци во последните десет минути го скршија отпорот на противникот и славеа победа. Забележителна улога во триумфот имаше и голманот на Вардар, Брајан Петкоски кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата во младинското дерби.

-Во натпреварот против екипата на Металург влеговме многу мотивирано и со желба да продолжиме со одличните игри и да издвојуваме нова победа во ова дерби, иако знаевме дека нема да биде лесно. Иако натпреварот беше неизвесен мислам дека имавме контрола над резултатот и случувањата на теренот. Одигравме добар натпревар, но знаеме дека секогаш може подобро. Мислам дека конечниот победник го пресуди нашата присебност во клучните моменти од натпреварот посебно последните 10 минути и советите кои ги добивавме од тренерот.

vardarfans-2

Петкоски потекнува од ракометната школа, РК Филип-Вардар од Прилеп, кој на почетокот на оваа сезона го засили младинскиот тим на Вардар, односно тој дојде преку настапите во “Јуниор“ лигата, каде беше забележан од стручните лица во клубот, кои му пружија шанса да биде дел од најголемиот клуб во Македонија.

-Благодарение на моите соиграчи и нашите тренери Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски уште од првиот тренинг се прилагодив на новиот начин на работа и новата средина и се почувствував како долго да сум дел од екипата. Иако има повеќе играчи на кои оваа сезона им е прва во дресот на Вардар мислам дека брзо се вклопивме и одлично функционираме како екипа. Јас сум прилично задоволен од мојот придонес во екипата на Вардар во изминатиот дел од сезоната и мислам дека благодарение на советите на тренерите ја подигнав мојата игра на едно повисоко ниво, но сепак потребно е уште многу напорна работа и посветеност на тренинзите.

vardarfans-1

Младинците на Вардар се наоѓаат на првото место во групата 1, тие имаат 10 победи, само 1 нерешен резултат и се сеуште без пораз. Веќе го обезбедија пласманот на завршниот турнир во младинската лига, а се посигурно е дека ќе завршат и на првото место во регуларниот дел од групата 1.

-Сезонава имаме 10 победи и 1 реми и заслужено сме први во нашата група. Наша желба и крајна цел е освојување на првото место и на завршниот Final 4 турнир и мислам дека имаме доволно квалитетен тим да го оствариме тоа, но најпрво ни преостануваат уште 3 кола од регуларниот дел од сезоната. За завршниот турнир треба добро да се подготвиме бидејќи имаме доста силна конкуренција и во останатите екипи кои ќе бидат дел од него, а како главен конкурент за титулата ја сметам екипата на Металург-2 иако не смеат да се потценат и останатите екипи.

Звонко Ивановски