Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одложена е денешната ждрепка за натпреварите од Втората лига Исток и Запад
Одложена е денешната ждрепка за натпреварите од Втората лига Исток и Запад

Одложена е денешната ждрепка за натпреварите од Втората лига Исток и Запад

Фудбалската федерација на Македонија ја одложи ждрепката која денес требаше да се изврши, за натпреварите во Втората лига Исток и Запад.

Наводно, поради технички причини се одложува денешната ждрепка, за друг ден, за кој клубовите ќе бидат навремено информирани.

Вардар прв пат по осамостојувањето на Македонија ќе игра во Втората лига. Денес, црвено-црните ќе одиграат и нов контролен натпревар, против екипата на Локомотива од Градско.