Поради настапот на пет наши играчи за Македонија У-16 која на 07.11 и 09.11 во Подгорица ќе одигра два контролни натпревари со соодветната репрезентација на Црна Гора, натпреварите на нашите пионерски екипи против екипата на Брера Струмица, кои требаше да се одиграат во недела и официјално се одложени.
ФФМ го прифати барањето на нашиот клуб да ги одложи натпреварите со Брера, со оглед дека пет наши стандардни играчи ќе патуваат со репрезентацијата. Покрај, претходно повиканите, Душан Бојовиќ Заев, Стефан Стаматоски, Данило Делов, Матео Каранфилоски, дополнително за натпреварите со Црна Гора е повикан и Дамјан Буцевски.