Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Женското ракометно кадетско дерби му припадна на Вардар
Женското ракометно кадетско дерби му припадна на Вардар

Женското ракометно кадетско дерби му припадна на Вардар

Кадетките на ЖРК Вардар дојдоа до 3/3, совладан тимот на Ѓорче Петров. Гледавме квалитетен дерби натпревар кој на крајот заврши во корист на нашиот тим.

Кадетките денес во рамките на 3.коло беа домаќини на тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. На дуелот во салата “Круме Кепески” избраничките на Платон и Папуџиева во еден одличен натпревар покажаа карактер и остварија победа со резултат 27-24 (13-14

Противникот подобро го отвори натпреварот и поведе со 1-3 на почетокот. Ние врзавме три гола, со погодоците на: Соколовска, Смилевска и Миленкоска за во 8.минута да направиме пресврт и да го имаме првото водство при резултат 4-3. Серијата продолжи, во наша корист, за Франгоска во 17.минута да погоди за 8-3. Цели 12.минути гостинот беше без погодок, сепак следеа нивни минути и изедначување на 11-11 во 26.минута. На одмор заминавме со гол негатива, за време на паузата на семафорот во салата „Круме Кепески” беше 13-14 за гостинската екипа.

1 2

На почетокот на вториот дел Миленкоска стрелаше за наша предност од 15-14. Се играше цврст втор дел, голманките беа во елемент, кај нас одлична беше Зорица Хасаноска. Исто така во првиот дел на голот Тамара Ѓорѓиева беше одлична. На 10.минути до крајот влеговме со два гола позитива, за 23-21 погоди Божиновска. Мајсторски го приведовме натпреварот до крај, иако имавме во еден момент четири девојки во поле поради исклучување. Победата дојде со резултат 27-24.

3

Вардар: Хасаноска, Стојанова, Франгоска 2, Божиновска 3, Јанева, Павичевиќ, Дамјаноска, Ристовска, Тодоровска Дона 7, Тодоровска Драгана, Илијоска, Смилевска 2, Поповска, Ѓорѓиева, Миленкоска 11, Соколовска 2