Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Одложени натпреварите во првенството на младинските фудбалски категории
Одложени натпреварите во првенството на младинските фудбалски категории

Одложени натпреварите во првенството на младинските фудбалски категории

Претстојниов викенд требаше да се одиграат натпревари од 15 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Истото ќе биде одложено за среда, поради настапот на фудбалската репрезентација до 16 години на меморијалниот фудбалски турнир „Јосип Каталински – Шкија“ кој се одржува во Зеница и Сараево, Босна и Херцеговина. На турнирот ќе учествуваат и репрезентацијата на Босна и Херцеговина до 16 години, селекцијата на град Белград, како и заедничката селекција на Сараево и источно Сараево. На спискот на селекторот Добринко Илиевски се најдоа четири играчи од фудбаслкот клуб Вардар. Се работи за Малик Зибери, Филип Антовски, Александар Ѓорѓиески и Саит Битиќи.

Инаку викендов Вардаровите генерации требаше да одиграат натпревари со своите врсници од екипата на Еуромилк.