Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Во сабота Вардар ќе го брани трофејот во големото Куп финале против Макпетрол
Куглање! Во сабота Вардар ќе го брани трофејот во големото Куп финале против Макпетрол
Кк Вардар по осовојувањето на ланскиот Куп!

Куглање! Во сабота Вардар ќе го брани трофејот во големото Куп финале против Макпетрол

Во сабота на програмата е големото финале во Купот на Република Македонија во куглање. Во истото ќе се сретнат двата најголеми ривала, двата најквалитетни кугларски колективи Вардар и Макпетрол. Црвено-црниот кугларски колектив предводен од еден од најголемите кугларски експерти од клупата во земјава Драги Димитровски ќе ја брани титулата освоена лани во ова натпреварување.

Се очекува навистина тежок дуел, бидејќи Вардар за противник го имаат шампионот на Македонија во куглање, тимот кој веќе 15 години по ред е првак на земјава одличната екипа на Макпетрол. Вардарци и “пумпашите“ годинава во првенството вкрстиа двапати како домаќини одигравме еден интересен меч во кој водевме 4-0, но за жал истиот заврши реми 4-4. Во вториот меч како гости Макпетрол победи за 18 “соборени дрва“ повеќе и со таа победа ја завери титуата во Македонската кугларска лига. Црвено-црните за пласман во финалето одиграа кавалификации каде беа први, но потоа имаа само две просечни партии и минимални победи 5-3 и 3-5 со битолска Хераклеа во 1/2-финалниот дуел со оваа екипа. Очекуваме повторно на ниво да биде  дуото Влаќевски-Димитовски, но овој пат подпомогнато од останатите со цел победа и нов трофеј во црвено-црните витрини. Финалето од  Куп на Македонија е закажано за на  02.04.2016г  во сабота, со почеток во 10:00часот. За место на одигрување е одредена  кугланата при  СЦ “Борис Трајковски”, големото финале ќе се игра на  патеките 1-4.