Натпреварите од 15.коло во младинските фудбалски лиги кои беа закажани за претстојниов викенд, истите се одложени. Инаку, владата донесе одлука за задолжително ПЦР тестирање пред секој натпревар, кој ќе биде на товар на клубовите кои се натпреваруваат во младинските категории.
Од тука, дерби натпреварите со екипата на Работнички, кои требаше да се одиграат претстојнов викенд, ќе бидат одложени. Пионерските екипи требаше во сабота да гостуваат на Алумина, додека во недела, кадетите и младинците на Вардар ќе беа домаќини на градскиот ривал.
Останува да видиме дали ќе се најде заедничко решение околу продолжување на сезоната со оглед дека беше во последната фаза од нејзино финиширање.