Во недела (25.04), во рамките на 29.коло во ПМФЛ, Вардар е домаќин на екипата на Беласица. Многу важен натпревар за црвено-црните во борбата за опстанок во најсилната македонска лига.
За главен судија на натпреварот е одреден Јован Качевски од Струга, додека негови помошници ќе бидат Ацо Мацевски (Струга) и Разме Бакрачески ( Струга). Четврти судија ќе биде Јосип Бартон од Скопје.
Натпреварот во недела ќе започне од 13:00 часот на градскиот стадион во Скопје.