„Вардарки “ беа достоен ривал, „паднаа“ во последните неколку минути од дерби дуелот со лидерот (70:64). Пресудна беше последната четвртина во која лидерот стисна уште повеќе во одбраната и направи победничка разлика. Доволно по втор пат за кратко време во мечевите од Суперлигата да бидат подобри од својот голем ривал.
Екипата на Бадел 1862 го одигра овој меч и буквално со една петорка. Во која освен водечките кошаркарки, Стојановска и Трајчевска, беа Лазареска, Димова и Максимовска. Жесток отпор пружија „вардарки“ против големиот фаворит. По три четвртини резултатот беше нерешен (53:53).
Во голема мерка поради одличното издание на Подунавац и на искусните Наков и Деловска кои не им дозволија на „баделки“ да се одвојат ниту играчки, ниту пак резултатски.
Пресудија последните десет минути, односно неколку од нив во тој дел од играта, кога „баделки“ успеаја да се довојат на недостижни (67:60) на три минути пред крајот.
Освен Трајчевска и Стојановска (искомбинираа 38.поени), ново одлично издание имаше Димова, која на 19.поени додаде и десет скока, додека Лазареска беше четвртта со двоен број на поени – десет.
Кај Вардар, Подунавац застана на бројката од 20.поени, 9.скока и 6.асистенции. Наков имаше 15.поени, 6.асистенции и 5.скока, а Деловска и Петрушевска уште по 11. поени.
Бадел 1862 останува број 1 и по 4.кола во Суперлигата со максимален резултат, 16. победи во 16. натпревари.
Вардар е на ефект од 12.победи и 4.порази.