Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Шест пионери на Зенга, ќе дебитираат за РК Вардар во СЕХА
Шест пионери на Зенга, ќе дебитираат за РК Вардар во СЕХА

Шест пионери на Зенга, ќе дебитираат за РК Вардар во СЕХА

Одлична вест пристига од РК Вардар 1961 за првиот тим ќе добијат шанса за деби и тоа во регионалната СЕХА лига дури шест  ракометни надежи. Станува збор за млади и квалитетни ракометари од пионерскиот  погон кои ги предводи Зоран Петковски-Зенга.

Низ годините под менторство на Зенга овој тим доживеа процут, имаме одличен ростер, голема база за репрезентацијата на Македонија. Вардар го препозна тоа и ги „фрла во оган“ во вистинско време. Тие ќе настапат на СЕХА дуелот против тимот на Војводина. За жал поради пандемијата веќе една година и нешто во земјава нема младински ракомет, па оваа шанса е повеќе од добредојдена.

176089514_781203522512401_3849087785481805453_n

Дел од тимот ќе бидат, голманот Никола Спасовски, крилата  Матеј Трајановски  и Марио Стојановски, пикерот Александар Стојменов,   левиот бек Никола Анакиевски и Виктор Трифуновски кој игра на централната позиција во тимот.