Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одложено колото во првенството на младинските фудбалски категории, во регионалната – скопска лига, како и детската лига
Одложено колото во првенството на младинските фудбалски категории, во регионалната – скопска лига, како и детската лига

Одложено колото во првенството на младинските фудбалски категории, во регионалната – скопска лига, како и детската лига

Поради лошите временски услови, одложени се натпреварите од 17 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Генерациите на ФК Вардар претстојниов викенд требаше да ги одиграат своите мечеви против екипата на Милано, но истите се одложени.

Одложеното коло за помладите пионери и пионери најверојатно ќе се одигра во вторник на теренот на академијата, додека за кадетите и младинците кои треба да гостуваат во Куманово, се уште нема прецизен термин. Во недела и генерациите родени “2003“ и “2004“ требаше да гостуваат на Милано во рамките на регионалната – скопска лига, но и нивните натпревари се одложени.

Исто така и сите мечеви од второто пролетно коло во детската лига се одложени за следниот викенд, тоа значи дека оваа сабота и недела нема натпревари на вардаровите генерации.