Македонската фудбалска репреентација до 21 година попладнево на тренинг центарот “Петар Милошевски“ беше поразена од соодветната селекција на Русија, во рамките на квалификациите за Европското првенство.
Избраниците на Благоја Милевски во еден неизвесе и квалитетен натпревар беа минимално поразени со резултат 3:4. Иако Русите имаа водство од 0:2, сепак нашите млади надежи успеаа да се вратат во мечот и да го израмнат резултатот на 2:2. Русија повторно го врати водството, за Македонија по втор пат да донесе израмнување, а во судиското продолжение или во 94 минута, гостинската репреентација успеа да постигне гол и да слави со резултат 3:4. Два гола беа дело Амановиќ, додека еден гол постигна поранешниот вардарец, Петар Петковски. Над играчот на Вардар, Јован Попзлатанов беа направени два пенали, кои неговите соиграчи успешно ги реализираа, а исто така се најде во улога на асистент. Во стартните 11 на овој дуел, покрај Попзлатанов, во составот се најде и Бесар Исени.