Одбојкарите на Вардар претрпеа пораз во првиот 1/2 финален дуел. Иако Вардар загуби со 3-0, шансите не се загубени за финале.
Гостински пораз од 3-0 во првиот 1/2 финален натпревар од Купот претрпен од екипата на ОК Струмица.
Отсуството на Драгиќ, сериозните и долготрајни повреди на Клопчески и Костиќ не беа доволни па покрај денешниот пораз доживеавме и повторување на повредата на нашето либеро Ангеловски.
Тежок период за Вардарци, но продолжуваме исправени пред предизвикот и истата цел -најавуваат „вардарци“ преку својата фејсбук-страница.