Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одложеното фудбалско дерби, Пелистер – Вардар ќе се одигра во недела
Одложеното фудбалско дерби, Пелистер – Вардар ќе се одигра во недела

Одложеното фудбалско дерби, Пелистер – Вардар ќе се одигра во недела

Фудбалската федерација на Македонија одреди нови термини за одложеното 25 коло во рамките на првата македонска фудбалска лига. Два натпревари од редовното коло беа одложени поради барањата на Вардар и Скопје своите дуели против Пелистер и Шкендија да им се одложат поради обврски на дел од нивните играчи со репрезентациите. ФФМ им излезе во пресрет на барањата, па целото коло го одложи за во друг термин. Сите натпревари од ова 25 коло ќе се одиграат во недела со почеток од 15:00 часот.

Вардар гостува под “Тумбе кафе“ на екипата на Пелистер и ќе се обиде да стигне до втората последователна победа, откако претходно славеше минимално во дуелот со екипата на Ренова.