Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова убедлива победа, во рамките на 17 првенствено коло. Утрово избраниците на Сашо Тодоровски на теренот на Академијата го одиграа одложениот меч, кој требаше да се одигра во саботата, но беше одложен поради лошите временски услови. Црвено-црните стигнаа до 16 победа совладувајќи ја убедливо екипата на Милано, со резултат од 8:0.
Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Костовски, Асани, Крстевски, Величковиќ, Гугуљанов, Петејчук, Хасани, Салиу, Мирков, Омерагиќ.
Самиот резултат говори за доминацијата на Вардар во текот на целиот меч. Уште по првото полувреме ги поставивме работите на место, кога имавме водство од 3:0. Во вториот дел продолживме да ја полниме мрежата на противникот и постигнавме уште нови пет голови, за на крајот убедлив триумф од 8:0. Анатолиј Петејчук и Атом Фазлиу постигнаа по два гола, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Антонио Мирков, Азер Омерагиќ, Муас Демири и Али Асани.
На овој дуел тренерот, Рап-Тап им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Во игра во вториот дел влегоа и Мартин Ѓорѓиевски, Харим Алими, Атом Фазлиу, Гоце Јовчев, Муас Демири, Кристијан Стојановски и Филип Симев.
Ова беше 16-три триумф за помладите пионери, кои имаат само еден нерешен резултат и тоа уште во второто коло, на гостински терен против Работнички. Тоа значи дека нашите млади надежи се во серија од 15 последователни победи во лигата.