Во сабота, во рамките на 9.коло на втората македонска фудбалска лига-Запад, Вардар е домаќин на екипата на КФГ Гостивар.
Натпреварот ќе се одигра на терените на фудбалската федерација на Македонија со почеток од 14:00 часот. За главен судија е одреден Владимир Ѓорѓиевски (Битола), додека негови помошници ќе бидат Петар Степановски и Николче Дрнковски, исто така од Битола.
После осум одиграни кола, Вардар се наоѓа на 3.место со 14 освоени бодови, додека Гостивар е пласиран на 6.место со 9 бодови.