Фудбалската федерација на Македонија за неделниот дуел помеѓу домаќинот ФК Хоризонт Турново и црвено-црните за главен судија го одреди тетовчанецот Бартон Јосип. Дуелот е закажан за недела со почеток во 13-00 часот на Стадионот “Кукуш“ во село Турново-Струмица.
За помошници на Бартон се делегирани Емурли Иса од с.Шемшово-Тетово и Јовчевски Дарко од Тетово. Четврти судија е струмичанецот Гоцевски Марјан, а за делегат на овој дуел од 15.коло е избран Ефтимов Виктор од с.Оризари-Кочани. Претходно овој судија исто така беше делегиран на гостување на Вардар, тоа беше мечот со Слога кога победивме убеливо со 0-3.