Грујоски Александар од Кичево ќе биде главен судија на натпреварот Вардар – Силекс кој ќе се одигра утре во Скопје од 13 часот. Се надеваме на фер и коректно судење од Грујоски на овој многу значаен дуел за тимот на Вардар.
Инаку, Вардар утре ќе се обиде да му го нанесе првиот сезонски пораз на тимот од Кратово и со тоа да дојде на пет бодови заостанување и борбата за првото место да ја направи многу поинтересна во следната фаза од шампионатот.