Saturday ,26 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Среќен 86. роденден чичко Дончо!
Среќен 86. роденден чичко Дончо!

Среќен 86. роденден чичко Дончо!

Денес 86-ти роденден прославува легендата на ФК Вардар, славниот Андон Дончевски. Чичко Дончо, црвено – црниот дрес го носеше 12 сезони, од 1953 до 1965 година. Името на чичко Дончо е запишано со огромни букви во историјата на Вардар, бидејќи чичко Дончо е најдобар стрелец во нашиот клуб со 217 постигнати погодоци на 335 одиграни натпревари.

,,Вардар Фанс” му посакува многу здравје, среќа и долг живот на легендата вардарова, чичко ДОНЧО!