Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одредени групите и распоредот на одигрување натпревари за вардаровите генерации, на турнирот „Гази Баба Куп“
Одредени групите и распоредот на одигрување натпревари за вардаровите генерации, на турнирот „Гази Баба Куп“

Одредени групите и распоредот на одигрување натпревари за вардаровите генерации, на турнирот „Гази Баба Куп“

Четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар од петок до недела ќе се натпреваруваат на петтото издание на младинскиот турнир „Гази Баба Куп 2019“. На истиот ќе играат генерациите родени 2006, 2007, 2009 и 2010 година.

Генерацијата родени 2006 година под водство на Филип Спасески ќе се натпреваруваат во групата А, заедно со екипите на Драчево Јуниор, Форца и Еуроспорт Куманово.

30.08.2019 Вардар – Еуроспорт  10:30 ( во Лисиче на теренот на ФК Аеродром)

30.08.2019 Вардар – Драчево Јуниор  15:00 ( во Маџари на стадионот Борис Трајковски)

Генерацијата 2007 под водство на Горан Петрески исто така ќе земе учество на турнирот и ќе биде дел од групата Б, во која се уште и екипите на  Беласица и Албион.

30.08. 2019 Вардар – Албион  10:10 ( на терените на ФФМ)

Генерацијата 2009 предводена од Игор Кралевски своите натпревари од групата ќе ги игра на теренот на ФК Фортуна. Црвено-црните се наоѓаат во групата А, заедно со екипите на ГФК Неготино, Работнички и Албион.

30.08.2019 Вардар – Албион 08:30

30.08.2019 Вардар – Работнички  15:30

Генерацијата 2010 која ја предводи Влатко Колев ќе биде дел од групата Б, со екипите на Скупи, Борец и Тиквеш. Натпреварите ќе се играат на терените на ФФМ.

30.08.2019 Вардар – Форца  10:10

30.08.2019 Вардар – Скупи  18:00

Само кај генерацијата 2006 натпреварите ќе се играат во две полувремиња по 25 минути, додека кај останатите мечевите ќе траат вкупно 40 минути.