Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци некомплетни заминаа за С.Арабија, сепак најголем дел од играчите беа со првиот лет
Вардарци некомплетни заминаа за С.Арабија, сепак најголем дел од играчите беа со првиот лет

Вардарци некомплетни заминаа за С.Арабија, сепак најголем дел од играчите беа со првиот лет

Вчера вечерта, Европскиот ракометен Шампион замина за С.Арабија, каде ќе биде дел од неофицијалното светско првенство.

Сепак, вардарци не отпатуваа комплетни, турскиот авио превозник не им дозволи на осум членови да полетаат поради ПРЕБУКИРАНОСТ. Најважно е што најголемиот дел од екипата замина, а во Скопје останаа неколкумина за кои ќе се бара друга алтернатива. Меѓу нив се младите Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски и Дејан Кукуловски, тренерот на голмани, Дејан Периќ, извршниот директор, Давор Стојановски, спортскиот директор, Едуард Кокшаров, докторот, Рубинчо Србиновски и економот на екипата, Андрија Нунев.

69807811_461638511354987_7762242175848415232_n

Вардар треба утринава да пристигна во С.Арабија и да има слободен ден во подготовки. Првиот натпревар треба да го играме во текот на утрешниот ден.

Едно кратко видео од тргнувањето на ракометарите пред С.Ц. Јане Сандански