Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Македонија М14 заврши со настапот на „Словенија Бол“
Македонија М14 заврши со настапот на „Словенија Бол“

Македонија М14 заврши со настапот на „Словенија Бол“

Нашите најмлади машки репрезентативци завршија со настапот на Slovenia Ball, силен меѓународен турнир за возрасната категорија до 14 години.

Избраниците на Дарко Димитријевиќ беа сместени во групата А, а разигрувајќи во групната фаза запишаа еден триумф. Како четвртопласирани во групната фаза следеше разигрување за пласман од петтото до осмото место. Поразот од Хрватска во фазата за разигрување и пласман ни ја донесе селекцијата на Унгарија како противник за седмото место. На послендито натпревар нашата најмлада национална селекција не успеа да запише триумф. Со тоа, репрезентативците до 14 години се пласираа на осмото место на турнирот. Во оваа селекција играа двајца вардарци, Бојан Величковски и Бојан Ивановски. 

Резултати и статистика
22.08.2019
9:00h Црна Гора –  Македонија  „Gimnazija gym“
14:30h Македонија – Израел  „Gimnazija gym“

23.08.2019
14:30h Бугарија –  Македонија  „Sports Hall“
20:15h  Македонија – Словенија   „Sports Hall“

24.08-25.08.2019
 Македонија – Израел
Унгарија –  Македонија