Фудбалерите на Вардар утринава, по еден ден пауза, го одработија предвидениот тренинг и се подготвуваа за следниот дуел на зимските подготовки.
Иако соочени со новите проблеми и неизвесната ситуација, фудбалерите на Васоски утре ќе истрчаат на фудбалскиот терен во Анталија и ќе одиграат нов пријателски дуел, овој пат против тимот на Борац Бања Лука од БИХ.
Вардар во Анталија сеуште ја очекува прва победа по поразите од Бачка Топола, Динамо Киев и Хајдук, како и нерешените 0:0 со Црвена Звезда.