Денес на теренот на Академијата, помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар одиграа контролен натпревар со екипата на Работнички. Мечот го добија избраниците на Рап-Тап кои славеа со резултат 2:1.
Тренерот Тодоровски го стартуваше мечот со следните 11-сетмина: Тасев, Павлески, Ричков, Љушев, Јаневски, Хајдари, Стоимов, Здравковски, Стојановски, Гуџуфи, Ибраим.
Сите голови паднаа во второто полувреме, откако по првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Во второто полувреме, противникот прв успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Сепак Вардар беше упорен, имаше повеќе од играта и до крајот на мечот успеа да искористи две од неколкуте шанси кон противничкиот гол. Игор Јаневски беше играчот кој со удар од белата точка донесе израмнување за 1:1, додека за победа се погрижи Никола Павлески, кој ги постави конечните 2:1 на овој контролен дуел.
Инаку, овие две екипи и во пролетниот дел ќе ја водат борбата за трофејот во првенството, откако Вардар заврши со четири бода предност во есенскиот дел од сезоната.