Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Зимска офанзива по нови квалитетни играчи во ФК Вардар
Зимска офанзива по нови квалитетни играчи во ФК Вардар

Зимска офанзива по нови квалитетни играчи во ФК Вардар

Фудбалерите на ФК Вардар си го одработија своето, па заминаа на заслужен одмор. Сега на ред е управата на ФК Вардар, од нив се очекува да донесат неколку квалитетни играчи, посебно во нападот, и на средината на теренот. Многу имиња почнуваат да се споменуваат како можни нови играчи, згора на се, и заминувањето на Цезар Ромеро отвара можност за уште некој плус квалитетен играч од нападот.

Едно е јасно, доколку управата на ФК Вардар донесе играч од средината на теренот, со слични карактеристики на бразилецот Фелипе, ќе не очекува подобра игра на средината на теренот, кој ќе ги ”храни” со топки напаѓачите. Секако, ФК Вардар подолго време беше во потрага по квалитетен класичен шпиц играч, па веруваме дека токму оваа зима ќе се реализира тоа. Едно е јасно, не очекува интересен зимски преоден рок.