Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Вардар денес гостува кај Гостивар
КОШАРКА! Вардар денес гостува кај Гостивар

КОШАРКА! Вардар денес гостува кај Гостивар

Црвено-црниот кошаркарски колектив денес го очекува нов предизвик во второлигашката кошаркарска конкуренција. Гостуваме кај тимот на второпласираниот КК Гостивар 2015. Ние и гостиварчани заедно со битолски Пелистер ги делиме местата од втората до четвртата позиција со по досега освоени 12 бода.

Дуелот со Гостивар е меч во рамки на осмото коло во Втората македонска кошаркарска лига,  во досегашните седум кола вардарци имаат пет победи и два порази еден во Чаир кај тимот на КК Шкупи, и кај лидерот на табелата КК Охрид АВ кој има стопроцентен ефект со 7/7 во досегашниот дел од сезоната. Ова е предпоследне дуел од првиот круг во лигата, единствено ќе ни остане дуел екипата на КК Водњански Лисици тој меч од 9-то коло ќе го играме дома во малата сала при С.Р.Ц-Кале. Овој дуел е закажан за на 19 декември по тој меч следи зимска пауза која ќе трае се до 6.фебруари кога играме дома со тимот на КК Тетекс.