Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Б-ЛИГА: Тетекс подобар од Вардар
Б-ЛИГА: Тетекс подобар од Вардар

Б-ЛИГА: Тетекс подобар од Вардар

На фудбалскиот терен во скопската населба Јане Сандански се одигра дуелот во Б-лигата помеѓу ФК Вардар и ФК Тетекс, кој беше меч во рамки на 5-то коло во б-лигашката конкуренција. Нашиот тим под водство на тренерот на младинците Љупчо Марковски беше поразен  од резервистите на Ф.К. Тетекс со резултат  1-2, со што го забележавме вториот последователен пораз по ред во оваа натпреварување.

За нашиот “резервен’ состав настапија :  Ф. Трајчевски, Ричков, Чикалевски, Исмаил, Личина, Додевски, Димитровски, Даци, Беќири, Маркоски, Димков, а играа уште: Апостоловски, Менкиноски, Тасески и А. Трајчевски.

Треба да се напомене дека сите играчи се дел од младинската екипа на ФК Вардар , освен Маркоски, Менкиноски и Трајчевски кој се дел од кадетската екипа на црвено-црните и голем надеж на нашиот клуб. Мечот го отворија гостите тие први постигнаа погодок, првиот гол оваа средба  се постигна во  37 минути од пенал. Нашиот десен бек Андреј Ричков направи прекршок за пенал , а сигурен релизатор на ударот  беше Александар Стојновски. Овој резултат беше актуелен  се до самата завршница од мечот, кога се случија неколку инересни ситуации. Во 86 минута од мечот  нововлезениот Кристијан Апостоловски беше најснаодлив во противничкте 16.метра и  постигна  погодок за Вардар, тој стрелаше за израмнување 1-1. Сепак кратка беше радоста од изедначувањето , во 90-сетата минута од средбата напаѓачот на гостите Чаволи по еден брз контранапад успеаа да постигне гол за 1-2, резултат кој подоцна се покажа како конечен. Резервите на црвено-црните во б-лигата имаат : една победа , две нерешени и два пораза. Во  вторник како гостин играме  против тимот на чаирска Слога, овој дуел ќе се игра во Пржино.