Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Неочекуван пораз дома на Вардар јуниор од ГРК Борец
Неочекуван пораз дома на Вардар јуниор од ГРК Борец

Неочекуван пораз дома на Вардар јуниор од ГРК Борец

Вчера на дуелот кој се одигра од 19-00 часот во С.р.ц “Кале“ неочекувано велешки ГРК Борец му нанесе пораз на тимот предводен од Пепи Манасков-РК Вардар јуниор. Велешани во меч, кој беше дуел во рамки на 13-то коло во машката суперлигашка ракометна конкуренција не совладаа со резултат 26-29. Мечот по полувреме имаше резултатска симетрија, по крајот на првите 30 минути заврши со резултат 13-13.

Вардарци добро го отворија мечот со водство од 3-0 на почетокот од овој суперлигашки дуел. Гостите брзо се соземаа и со сериија 2-5 изедначија првпат на дуелот, резултатот на семафорот беше 5-5. Младите вардарци се обидоа со нова серија 3-1 да се оделепат и поведоа со 8-6, но гостите со два брзи гола повторно го изедначија резултатот. До крајот на првиот дел се играше игра гол- за гол на двете страни и двата тима постигнаа по 5 погодоци, на пауза се замина со резултат на семафорот во Кале 13-13.

Вториот дел почна спротивно од првиот сега гостите даваат три гола на почетокот од полувремето и поведуваат со 14-17, но следи серија на црвено-црните од 4-0 и го преземаме водството. Двата состави ја посакуваа победата и наизменично постигнуваа голови до резултат 21-21, тоа е  45. минута од натпреварот, а потоа гостите повторно се одлепија со серија 1-4 на  22-25. Младите вардарци успеаaа да се доближат на 25-26 на 3 минути до крајот, сепак немаа сили за да направат пресврт. По  ова 13. коло нашата млада  екипа има 18 бода, со што го задржува 5 место од суперлигашката табела.

 Вардар јуниор: Чаневски, Филиповски, Спасовски, Василевски 1, Георгиевски, Тренчевски 1, Чурлевски 6, Ангелов 2, Јовчевски 2, Андовски 2, Симиќ, Ристов 4, Манасков, Поповски, Вујачиќ 8, Давитковски