И официјално нашиот клуб го промовираше како член на црвено-црните црногорскиот интернационалец Немања Мијушковиќ . Станува збор за млад дефанзивен играч кој има 23 години . Тој ги задоволи вкусовите на првите мечеви кој ги одигра за ФК Вардар . Сега и официјално е наш играч во следните три натпреварувачки сезони .
Тој доаѓа од шампионот на неговата земја тимот на Рудар Пљевља , игра на позицијата стопер воедно треба да се нагласи дека беше избран и во иделната постава за изминатата сезона во првата црногорска лига. На мечевите кој ги следевме од подготовките можеше да се забележи неговата сигурност во извршување на дефанзивните задачи . Тој е седмото ново име во ФК Вардар во овој преоден рок заедно со претходно промовираните Ацо Стојков, Бобан Николов, Владица Брдаровски, Филип Гачевски, Дарко Велковски и Хуан Фелипе.